контакт телефон: 02 2033 453

ELTE Logo

За ЕЛТЕ

ЕЛ ТЕ Инженеринг оформена е во 1999 година. Управувана е во менаџерски стил и добро развиена организациска култура чиишто доминантни вредности и норми се развиваат постојано и стануваат релативно издржани обележја во животот во организацијата.

ЕЛ ТЕ Инженеринг е компанија која е специјализирана за ремонт, монтажа и одржување на опрема во енергетиката и машинството на широк круг на компании, од мали компании до стратешки енергетски објекти.
Поопширно ЕЛ ТЕ Инженеринг работи на монтажа на нови објекти за гасификација, нови објекти за петрохемија, нова опрема и постројки за рударство, изградба на нови хидроцентрали. Во областа на ремонти активности ЕЛ ТЕ Инженеринг работи на ремонти на постројки во термоцентралите во Македонија, постоечките хидроцентрали и постоечките петрохемиски објекти, како и на ремонти и одржување на параводни котли на големи корисници во Р. Македонија.

Основни дејности на компанијата се:

  • Монтажа
  • Производство
  • Ремонт
  • Реконструкција
  • Ревитализација

На секаков вид на индустриски и енергетски објекти

Политика за квалитет
Политика за интегриран Менаџмент Систем

Компанијата поседува лиценци за:

  • Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
  • Лиценца А за надзор на изведба на градби од прва категорија
  • Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија
  • ISO 14001:2004
  • OHSAS 18001:2007
  • ISO 9001:2008

Во ЕЛ ТЕ Инженеринг се вработени 70(седумдесет) лица, со следната структура::

  • 2 (два) дипл. инженери – магистри,
  • 9 (девет) дипл.инженери,
  • 5 (пет) дипл. економисти,
  • 1 (еден) раководител,
  • 27 (дваесетиседум) бравари,
  • 18 (осумнаесет) заварувачи,
  • 2 (два) ракувачи со градежни машини,
  • 3 (три) возачи на товарно возило,
  • 1 (еден) електромонтажер и
  • 2 (два) магационери.

Info iconСтратегија и Визија: Нашата посветеност кон работата е клуч за нашиот успех и успехот на нашите клиенти.
Да изградиме позиција на иновативен понудувач на производи и услуги со приоритетен фокус на следниве пазарни сегменти: енергетски инфраструктурни објекти, мали и средни претпријатија.
Да обезбедиме континуирано следење и зголемување на продажбата зголемувајќи го своето присуство на постоечките пазари, но и освојување на регионални пазари.
Да обезбедиме континуиран развој кој ги следи најновите достигнувања во технологијата.